Овој род потекнува од Леринско. Како сточари биле на повеќе места. Во с. Оровник се дојдени од селата Лактиње и Слатински Чифлик, Охридско. Името на фамилијата доаѓа по прекарот на најстариот предок на лозата. Според кажувањата на постарите Оровничани во 1955 год, тој бил �бамбалест, широк и дебел� и затоа го завикале �Бамбал�.
Од Лактиње од оваа лоза прво дошле Митре и Тано од Стојчета.
Стојче имал двајца синови Тано и Ѓоре. Тано дошол од Лактиње, а Ѓоре дошол од Слатински Чифлик. Таму останал еден негов син, од кого потекнува фамилијата Китевци, а додека син му Секуле се преселил во Оровник.
Денес во Оровник, лозата од Тано се викаат Тановци, но може да се сретнат и како Стојчевци. По името на неговиот син Секуле, од неговата лоза се Секулевци.
Митре имал пет синови: Стојче, Целе, Наум, Ангеле и Трифун. Лозата од синот Стојче се вика Стојчевци, а од Целе и Наум � Митревци.
Од потомците на Наум први од Оровник во Подмолје се иселиле синовите на Григор, од Подмолје неговиот син Ѓоре се иселил во Охрид. Во 1960 год во Подмолје се иселува и Иљо Профилов, а додека во Оровник од оваа лоза останува да живее и понатака само Ѓоре Профилов.
Ангеле имал двајца синови Ристо и Димо. Неговите потомци се познати под името Ангеловци, а во Оровник се познати и како Димовци според син му Димо.
Ристо имал само една ќерка, Василка која се омажила во с. Требеништа, а Димо имал пет деца: Власе, Зафир, Поне, Вита и Трена. Поне со својата фамилија се преселил во Подмолје.
Трифун во 1912 год со својата фамилија се иселил во с. Ливоишта, Охридско. Таму оваа лоза е позната под името Дуљчевци.
>>Дијаграм за родословието на Бамбаловци<<
- Етногенезата на фамилијата ГЕРМАНОВЦИ
Овој род потекнува од селото Герман во Леринско. Според името на селото и оваа лоза го носи името Германовци. Како сточари најпрво дошле во с. Ѓавато, Битолско. Таму останува една гранка од фамилијата, а другата дошла во с. Црвена Вода, Дебарца. Од Црвена Вода како чифлигари се иселиле прво во селото Орман, Охридско, од каде што потоа дошле во с. Оровник. Во Оровник живееле во кулата на бегот Табак. Кулата била реновирана во 1942/43 год и во истата живееле браќата Гурко и Ламбе� со своите семејства. Кулата целосно е урната во 1963 год.
Најстар предок за кого се знае е Ристо кој имал тројца синови: Недељче (починал многу млад), Ристе (се иселил во Охрид) и Мартин кој имал тројца синови: Климо, Јован и Тодор. Климо загинал во Балканските војни 1912 год. Јован бил познат по прекарот �Напољон�, бидејќи на неговата свршеница, кога таа му бакнала рака и дал еден наполеон, златник, што за тогашни, а и сегашни прилики било скап поклон. Во Оровник оваа лоза се познати под името Мартиновци, односно гранката од� Ламбета Јованов позната е како Напољоновци.
Тодор имал четворица синови и пет ќерки. Неговите два синови Димо и Ѓорѓи се иселиле од Оровник, така што: Димо се иселил во с. Орман, а додека Ѓоре се иселил во Охрид.
>>Дијаграм за родословието на Германовци<<
- Етногенезата на фамилијата ДАЉЧЕВЦИ
Овој род во с. Оровник се дојдени од с. Лешани, Дебарца, околу 1875 год. Потекнуваат од фамилијата Банаровци, која во Лешани е дојдена од с. Радомирово, на планината Караорман. Прво дошле во с. Подмолје, а потоа во Оровник.
Во Оровник дошол Јонче. Тој имал двајца синови Насто и Димитрија и две ќерки Мара и Јорданка. Син му Димитрија за да ја избегне смртта од Турците - одмазници, во 1905 год отишол во Америка, каде останал до крајот на својот живот. Во родниот крај дошол само еднаш на видување во 1952 год. Презимето Даљчевци е по прекарод на Јонче � Даљче. Јонче бил Народен Лекар. Лечел од далак (проширување на слезината), па до завикале Даљче, а неговата фамилија Даљчевци.
>>Дијаграм за родословието на Даљчевци<<
- Етногенезата на фамилијата ЃОРЃИОВЦИ (ШУТАРОВЦИ)
Во Подмолје се дојдени од с. Требеништа, Охридско. Тие потекнуваат од фамилијата Шутаровци која и денес живее во с. Требеништа. Филип бил железничар на железничката станица во Подмолје, па така тука купил имот и се населил. Неговите синови Димитрија и Пере се иселиле во Австралија, а додека неговата ќерка Богда се омажила во Струга.
>>Дијаграм за родословието на Ѓорѓиовци<<
- Етногенезата на фамилијата ЈОВАНОВЦИ (БАЛЕВЦИ)
Во Подмолје се дојдени од с. Велестово, Охридско во 1924 год. Прв дошол Серафин. Неговиот син Насте доброволно стапил во ПО НОБ во 1944 год. Од последиците на војната умрел во 1947 год. Синот на Борис, Милчо, живее во Гевгелија, а Блаже бил на привремена работа во Германија, и повторно се вратил да живее во Подмолје. Блаже завршил средно фискултурно училиште во Скопје. Долго време бил учител во с. Требеништа, Охридско и во с. Царев Двор, Ресенско. Од оваа лоза Стефан Леунов е во Австралија, а Сандре е во САД.
>>Дијаграм за родословието на Јовановци<<
- Етногенезата на фамилијата ЈАНКУЛОВЦИ
Васил Јанкулоски во Подмолје дошол од с. Врбјани, Охридско. Тој бил работник на железницата. Со своето семејство прво живеел во железничката куќа во Св. Еразмо, а подоцна купил имот и изградил куќа во Подмолје. Тој имал тројца синови: Трајан, Стојан и Иљо и една ќерка Султана. Син му Трајан со семејството се иселил во Австралија, а во Подмолје останале да живееат Стојан и Иљо.
>>Дијаграм за родословието на ЈАНКУЛОВЦИ<<
�
- Етногенезата на фамилијата ЈОЛАКОВЦИ
Предокот на Јолаковци, Димитрија, во Оровник дошол во 1820 год. Тој прво бил во с. Коњско, Охридско, од каде што отишол во чифликот во с. Расино, Охридско, а од таму дошол во Оровник каде што бил посинат. Димитрија имал уште четворица, родени браќа и тие живееле во Прилеп, од родот на фамилијата Грдановци. Според кажувањата на Целе Јолакоски (1955), тие воделе потекло од Егејскиот дел на Македонија. Едниот од браќата отишол во с. Куратица и од него е фамилијата Јосифовци, другиот отишол во с. Требеништа од кого што денес нема потомци. За останатите се знае дека третиот отишол во с. Вапила, а за последниот нема податоци, но се претпоставува дека и тој се населил во некое од охридските села.
Димитрија имал син Јон, кој бил познат под надимакот Јолак. Од неговиот надимак доаѓа и името на фамилијата Јолаковци.
Синот на Јон, Митре имал три сина Ристо, Климе и Ѓоре. Откако умрела жена му се преженил и со втората жена имал ќерка Велика.
Синот на Ристо, Вангел по смртта на син му, кој починал во ЈНА, ја омажил ќерката за Славе Ризманоски од с. Велестово, Охридско, кој го зел за домазет. Од Славета денец е лозата на Ризмановци. Славе има три сина: Ристо, Стојан и Стефан.
Од фамилијата Јолаковци во Охрид се преселиле: Климо Митрев со синовите Борис, Блаже и Драган, потоа Јован Гаврилов, Пере Тодев, Ристо Иванов, Славе Лазаров. Во Скопје се преселиле Ангеле и Танас Гаврилови и Никола Иљов. Во Пула, Хрватска се преселил Љубе Тодев, а во Франција Душан Сидоров. Во далечната Австралија се иселиле: Темелко Крстев, Богоја Сидоров, Љубе Спиров, Живко и Ристо Јорданов.
>>Дијаграм за родословието на Јолаковци<<
- Етногенезата на фамилијата МИЈАКОВЦИ
Родот на Мијаковци потекнува од Мијачкото село Галичник, Гостиварско. Се претпоставува дека пред тоа во Галичник дошле од Албанскиот град Дурус, во кој живееле македонци од племето Мијаци. Тие биле сточари. Кузман, кого што во Мијачијата го нарекувале �Капидан� бил јак и силен маж од кого што се плашеле Албанските племиња, Качаци. Тој бил заштитник на целиот Мијачки крај, односно бил Сердар. Според некои претпоставки се смета дека ликот на Кузман Капидан во поемата Сердарот, е токму овој Кузман. Тој имал само еден син Митре, кој се родил после неговата смрт, посмртче. По убиството на Кузман, фамилијата била на стални напади од качаците, кои сакале да им се одмаздат. Така тие морале да се иселат од тој крај. Од Галичник прво според некои претпоставки дошле во некое село во Дебарца, Охридско, а потоа се населиле во с. Мешеишта, Охридско. Како сточари во с. Мешеишта довеле и големо стадо овци. И овдека биле на постојан удар на шиптарките качаци од соседните села преку реката Сатеска. Според кажувањата на постарите од овој род, таму тие во одбрана на својата фамилија и стадото, убиле двајца шиптари, а тие за одмазда постојано ги напаѓале секоја вечер. Поради ваквиот притисок тие морале да се иселат, па така дошле во с. Оровник.
Ќерката на Ѓорѓија Митрев, Димана, била мажена за Бимбил Ќеровче. Неговиот син Коле починал на печалба во Романија, чија ќерка� Дафина се омажила во с. Мислешево.
Ламбе Настев починал на печалба во Софија, неговиот син Тодор се преселил во Охрид, кој по занимање бил учител, а се презивал Ѓорѓиески. Јонче Стојанов од Оровник се преселил во с. Долно Лакочереј, Охридско, а оттаму во Австралија.
Од Мијаковци во Скопје се Ѓорѓија Наумов и Спиро Ристов. Во Охрид се иселил Ристо Климов со синот Јордан.
>>Дијаграм за родословието на Мијаковци<<
- Етногенезата на фамилијата МИТРЕВЦИ
Силјан Митрески од с. Слатино, Охридско, во есента 1954 год го купи имотот на Блаже Ќеровче и истата година дојде во Оровник. Додека не ја направил семејната куќа живеел во куќата на Васил Лошкоски (што му ја дал во делот од најстариот син Лазор) .
Во Оровник сега живее само едниот син на Силјан, Славе, кој се ожени со оровничанката Даринка Иљова Јолакоска. Останатите двајца синови Вангел и Митре живеат во Струга.
>>Дијаграм за родословието на Митревци<<
- Етногенезата на фамилијата МИРЧЕВЦИ и СТОЈАНОВЦИ
Мирчевци и Стојановци се една иста фамилија. Браќата Цветко и Стојан живееле во чифлигот во с. Сошани, Охридско. Цветко со својот син Мирче од Сошани, прво отишол на чифлигот во с. Габавци, па во с. Подмолје и околу 1850 год од таму дошол во Оровник. Стојан, пак, од Сошани отишол во с. Корошишта, Струшко, во кое село во 1880 год имало 20 македонски фамилии. Бидејќи туку што дојдените албански фамилии во ова село вршеле притисок врз македонското население (им ги тепале децата, правеле штета на стоката и имотот од Македонците) околу 1810 год од с. Корошишта, Стојан се преселил како чифлигар во с. Оровник. Лозата на Цветко се нарекуваат Мирчевци, според сина му Мирче, а додека на Стојан, се нарекуваат Стојановци.
Од поодамна Васил Блажев, синовите на Аргир: Трајан, Ѓорѓи и Димитрија (Мицко) живеат во Подмолје. Никола и Лазор Климови живеат во Загреб, а додека Пере Милошов е во Америка.
>>Дијаграм за родословието на Мирчевци и Стојановци<<
- Етногенезата на фамилијата МОЈСОВЦИ
Мојсовци се по потекло од Дебарско. Тие преку Струшката Малесија дошле во с. Лешани, Охридско, а оттаму во с. Подмолје, од каде што во 1911 год се наслиле во Оровник, а оттаму во 1928 год повторно во Подмолје се иселила лозата од Тодор.
Првиот предок кој дошол во Оровник, односно Подмолје бил Мојсо. Според него и името на фамилијата. Тој имал тројца синови: Гроздан, Ангеле и Митре.
Гроздан ги имал синовите: Велјан и Глигор. Велјан го имал посинето синот Темелко. Тој бил свршен за Ангелина Ристова Стојаноска. Учествувал во Балканските војни и таму загинал на бојното поле.� Велјан го посинил Коста Стефаноски од с. Мислешево. После посинувањето се случува еден феномен, карактеристичен за македонската традиција. Имено, иако, Темелко загинал во војна, во 1913 год, неговата свршеница не се мажела за друг, велејќи:�Јас се свршив, се согласив да одам во куќата на Велјан Мојсоски, свршеникот загина, таква ми била судбината., за друг не се мажам.� Кога бил посвоен Коста, на Ангелина и било понудено да појде за него. Таа одговорила: �Јас сум за таа куќа. Ако ме сакаат ќе го земам Коста�. Така Ангелина се омажила за Коста и со него има броен пород.
Глигор Грозданов имал пет синови: Наумка, Ристана, Спаса (омажени во с. Мислешево), Ѓурѓа (омажена во с. Косел) и Стојан.
Ангеле го имал синот Трајко, кој го посинил Лазор од с. Скребатно,чиј син Бранко живее во Оровник, а Сребре во Охрид.
Гранката на Митре Мојсов е позната под презимето Лошковци. Еве како дошло до тоа презиме: Митре имал три деца: Тодор, Пера и Наум. Рано починал, млад. Жена му останала млада вдовица. Тогаш на еден од турските чифлизи во Подмолје слугувал некој повозрасен девственик. Него го викале Лошко. За него се премажила жената на Митре, но во бракот немале деца, па подоцна Лошко ги прибрал и децата на Митре, кои по презимето на притаткото го добиле и името Лошковци.
Наум Митрев Лошкоски имал три ќерки: Анастасија, Стефана и Божа. За ќерка му Анастасија како домазет го зел Васил Велјанов Чољопаноски. Според обичајното право, Васил го зел презимето на фамилијата во која отишол � Лошковци.
>>Дијаграм за родословието на фамилијата МОЈСОВЦИ<<
- Етногенезата на фамилијата НЕЉОВЦИ
�Овој род во с. Оровник е дојден од с. Лактиње, Охридско. Таму дошле од с. Присовјани (Струшка Малесија), а таму од каде дошле не знаеме. Прв кој дошол во Оровник бил Нељо и по него е презимето.
Нељо имал тројца синови: Стефан, Цветан и Спасе.� Рано му починала жената. За да може да ги изгледа малолетните деца, тој се преженил. За жена зел вдовица од с. Опеница, Охридско, која пак од првиот брак го имала синот Димо. Втората жена Нељо ја зел заедно со детето и него го третирал како четврти син, му дал една четвртина во наследството од имотот.
Потомците на Стефан презимето го имаат по него �Стефаноски. Лозата на Цветана, според синот Ангеле се викаат Ангелески, но Крсте Боризов го има презимето Нељоски.
Гранката на Нељо, по синот Спасе не е позната под презимето Нељовци, туку како Паунковци или Марковци. Спасе Нељов починал млад. Неговата жена Војданка останала вдовица со четири деца: Ташка, Иљо, Филип и Менка.
За да се заштити од Турците брат и Митре ја натерал да се премажи, односно да земе маж домазет. Во чифлигот во с. Тројани бил Марко Самариноски од с. Лактиње, Охридско. Неговиот син паунко останал вдовец со две ќерки, а бил кираџија. Ја зел Војданка за жена и заедно ги гледале децата од првите бракови. Ќерките на Паунка се омажиле Велика во с. Требеништа во фамилијата Шутаровци, а додека Митра кај Рапевци во с. Мислешево. Исто така ги вдомиле и децата од Спасе. И така според името на Паунко, родот на Спасета Нељов го добил презимето Паунковци. Некои од оваа фамилија се презиваат Маркоски што е неправилно, бидејќи го зеле презимето по името на таткото на Паунко, Марко, што овој немал никаква врска со родот.
Синот на Спасе, Филип, немал пород и го посинил Симон Иљов.
>>Дијаграм за родословието на Нељовци<<
- Етногенезата на фамилијата РОЧЕВЦИ (САМАРИНОВЦИ)
Потекнуваат од с. Лактиње, Охридско. Од Лактиње во чифлигот во с. Тројани дошол Марко, кој се презивал Самариноски. Тој имал четворица синови: Стојан, Паунко, Илија и Велјан. Велјан починал и бил погребан во с. Тројани. Илија во 1885 год од Тројани се населил во с. Горно Лакочереј, чии потомци се Илиевци. Паунко останал вдовец со две ќерки: Велика и Митра, се преженил, односно како домазет отошол кај вдовицата од Спасе Нељоски во с. Оровник. Стојан се преселил во с. Оровник. Синот на Сотир, Бимбил, подоцна се преселил во с. Подмолје. Неговите синови со своите семејства се отселиле во далечната Австралија.
Боре Милишев се иселил во Скопје, Милчо во Србија, а Трифун во 1954 год се преселува од Оровник во Подмолје. Сандре и Војо со семејствата се во Австралија.
>>Дијаграм за родословието на Рочевци (Самариновци)<<
- Етногенезата на фамилијата СТЕВОВЦИ
Овој род потекнува од Дебарско. Тие прво дошле во с. Локов, Струшка Малесија, а од таму отишле во с. Злести, Охридско. Во с. Злести останал Ефтинко, чија гранка се нарекуваат Локовци. Стево од таму во 1860 год дошол на чифлигот во с. Подмолје, а од таму подоцна се населил во Оровник.� Подоцна Спиро Спасев направи куќа во Подмолје каде што се насели.
>>Дијаграм за родословието на Стевовци<<
- Етногенезата на фамилијата СТОЈАНОВЦИ
Крсте Вангелов Стојаноски е роден 1930 год во с. Мислешево. По завршувањето на учителска школа во Битола, учителствувал во повеќе места, но последно до своето пензионирање беше учител во Оровник.�
Кога ЗИК�Струшко Поле� од Струга продаваше имот, тој купи нива во Подмолје, тука изгради куќа во која се насели, заедно со сопругата и своите две деца Љубе и Лилјана.
>>Дијаграм за родословието на Стојановци<<
- Етногенезата на фамилијата СТОЈЧЕВЦИ
Во с. Подмолје се дојдени од с. Завој, Охридско. Најстариот потомок бил Митре Шабанче, кој го посинил Јован од с. Елшани, Охридско. Од децата на Јован во с. Подмолје е дојден Јаќим и внукот Коле.
Коле во Подмолје дошол во 1929 год, а додека стрико му Јаќим една година подоцна. Двајцата, Коле и Јаќим купиле имот од Риза-Бег во Подмолје, каде што била мажена и Пера, сестрата на Коле, за Насто Даљчески.
Фамилијарната лоза на Коле е позната како Јовановци, а од Јаќима како Јаќимовци и Стојчевци.� За време на НОВ, на Сремскиот Фронт, кај месноста Шид, во 1944 год загинал Благоја Јаќимов. Синовите на Саре, Блаже и Лазе се иселиле во Австралија.
>>Дијаграм за родословието на Стојчевци<<
- Етногенезата на фамилијата ТОДОРОВЦИ
Во с. Подмолје овој род е дојден во 1929 год од с. Завој, Охридско. Прв дошол Глигор. Тој имал две ќерки Љуба и Менка. За ќерка му Љуба, за Домазет го зел Митре Василов Таноски од с. Оровник.
>>Дијаграм за родословието на Тодоровци<<
- Етногенезата на фамилијата ЌЕРОВЦИ
Од каде се дојдени во Оровник не знаеме, но се едни од постарите оровнички фамилии. Блаже Крстаноски � Ќеровче (1899-1988) се сеќаваше на најстариот предок, Цветан и Секуле.
Од Оровник во Охрид Ќеровци се преселиле во 1889 год.
Бимбил имал жена Димана, ќерка на Ѓорѓија Мијакоски, со која имале шест деца: Димко, Веља, Ленка, Ленка, Флора, Блаже и Илија (загинал во Белград 1942 год.).
Од Тасе се : Ангел (професор) и Пере (се иселил во САД). Делот од имотот на Тасе во оровник го купил Васил Лошкоски, а од Блаже, во 1954 год го купил Силјан Митрески од с. Слатино.
>>Дијаграм за родословието на Ќеровци<<
- Етногенезата на фамилијата ЧОЉОПАНОВЦИ
Овој род е дојден од с. Волино, Охридски. Прв во Оровник дошол Насто, кој за сопруга имал сестра на Крстан Ќеровче. Неговиот син Велјан имал тројца синови, од кои Димитрија починал млад, а Васил отишол домазет за Анастасија Наумова Мојсоска � Лошкоска. Насто бил убиен кон крајот на XIX век, а син му Велјан загинал за време на Илинденското востание на планината Копарница, Мешеишко, кај чешмата Андрееска. Бидејќи Иљо починал млад, неговите деца заедно со мајката се преселиле во с. Мислешево (кај блиските роднини).
>>Дијаграм за родословието на Чољопановци<<
- Етногенезата на фамилијата ШАНДАКОВЦИ
По потекло се од с. Вапила, Охридско. Во Подмолје дошол прв Петко, таткото на Димо, во 1918 год. Петко го посинал Мане од с. Годивје, од фамилијата Тутуревци во 1924 год. Наум Манев беше женет за ќерката на Спиро Јолакоски, Ратка. Со неа ги имаа синовите: Лазар, Славе и Ѓорѓи. Подоцна се прежена и од вториот брак ги има Јулијана и Зоран. Наум живее во Скопје, каде што е и син му Лазар, а Ѓорѓи е во Охрид.
>>Дијаграм за родословието на Шандаковци<<
- Етногенезата на фамилијата ШУКЛЕВЦИ
Оваа фамилија се дојдени од с. Свињишта, Охридско. Во Оровник прв дошол Димо. Тој бил сирак. Работел на еден чифлиг и тука и останал. Димо имал двајца синови Петруш и Наум. Од Петруш се �Ката и Таса, од Таса се Родна и Живко, а од Наум е Ќирко, кој подолго време бил во Австралија, но подоцна се вратил во Оровник каде што останал се до неговата смрт.
>>Дијаграм за родословието на ШУКЛЕВЦИ<<
- Останати фамилии кои во Оровник се доселиле после 1963 година
- Моне Димитриески (сопруга Ристана, ќерка Ирена) се доселил од Кочани
- Лазе Димитриески (сопруга Трајанка, ќерка на Блаже Спиров Јолакоски) се доселил од Кичево
- Круме Николоски (сопруга Богда, деца Мише и Даниела) од Кумановско
- Ѓорѓија Ристевски (сопруга Велика, деца Сашо и Весна ) од с. Опеница, Охридско.
- Бошко Силјаноски (сопруга Нада, деца Васка и Аце) од с. Издеглавје, Охридско
- Љубе Ќосески (сопруга Наумка, деца Славица и Ацо) од с. Враништа, Струшко.
- Ѓино Спасески ( сопруга Коца) од Охрид.
- Останати фамилии кои во Подмолје се доселиле после 1963 година
- Аврамовски Васил од с. Белчишта
- Велјаноски Ташков Јане од с. Душогубица, Кичевско
- Велјаноски Мартин с. Луково Струшко
- Велјаноски Митре с. Безево, Струшко
- Грозданоска Благојова Стојна од с. Лешани
- Донески Темелко од с. Лешани
- Јорданоски Петре и Јордан од с. Ботун, Охридско
- Китески Стојмир од с. Слатински Чифлиг
- Кленоски Душан од с. Јабланица, Струшко
- Лазарески Јордан од с.�Рбиново, Охридско
- Машоски Симон од с. Луково
- Милошески Благоја од с. Мраморец
- Милчоска Иванка (Берово)
- Митрески Љубе, Милан, Нове и Михајло од с. Безово
- Миладиноски Коста од с. Коњско
- Петкоски Целе од с. Д: Средорече
- Попоски Ѓоре од с. Годивје
- Ристески Борис од Тетово
- Савески Тане од с. Ботун
- Софрониески Пере и Ристо од с. Брежани
- Станкоски Венко од Пробиштип
- Тадиќ Винко од Босна и Херцеговина
- Цветкоски Митко од Струмица
- Цветкоски Сисоја од с. Волино
- Штерјоски Костадин од Кичево
- Викен-куќи � вили во Подмолје имаат:
- Од Скопје
- Ангелоски Ѓоко
- Ангелоски Љупчо
- Ангелоски Мишо
- Блажески Јордан
- Димитриески Никола
- Златески Кирко
- Јовчески Лазо
- Коцо Димче
- Лазарески Крсте
- Ристески Ристо
- Спасески Велјо
- Стојчески Ставрев Митко
- Трајкоски Трајко
- Од Охрид
- Здравески Нове
- Јовчески Крсте
- Јовчески Спиро
- Маркоски Тодор
- Стојан
- Од Кичево
- Божинов Трајко
- Јовчески Дончо
- Никола
- Стојанче
- Од Белград � Србија
- Иваноски Петре
- Милошов Петар
- Од Гостивар
- Лазаров Кире
- Од Штип
- Поп-петров Ноне